Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 22

:
Macedonian - 2006
1 И Давид испеа песна за Господ во денот, кога Господ го спаси од раката на сите непријатели негови и од раката на Саул, велејќи:
2 „Господ е мојата тврдина, моја крепост и мој спасител.
3 Мојот Бог е моја карпа; на Него се надевам; мој штит, рог на моето спасение, моја заштита и мое при­бежиште; Спасителе мој, Ти ме спаси од непријатели.
4 Ќе Го повикам достојно пофалува­ниот Господ, и од непријателите мои ќе се спасам.
5 Бранови на смртта ме прегрнаа, и потоци од беззаконија ме исплашија;
6 веригите на пеколот ме обвиткаа, и стапици на смртта ме обмотаа.
7 Но во притеснувањето свое Го по­викав Господа и викнав кон мојот Бог, и Тој го слушна од Својот свет дворец гласот мој, и повикот мој стигна до ушите Негови.
8 Се затресе, се разниша земјата, за­треперија и се поместија основите не­бески, зашто се разгневи Господ на нив.
9 Се крена дим од гневот Негов, и уривачки оган од устата Негова; жив јаглен се сипеше од Него.
10 Тој ги наведна небесата и слезе; и мрак беше под нозете Негови;
11 седна на херувимите, летна и се понесе на ветрови крила;
12 и со мрак се покри како со шатор, згуснувајќи ги водите на облаците не­бески;
13 од болскотот пред Него се усвитуваа огнени јаглени.
14 Загрме Господ од небесата, и Се­вишниот го пушти Својот глас;
15 пушти стрели свои и ги распрсна; болсна со секавица и ги истреби.
16 Се открија изворите морски, се покажаа основите на вселената од страшниот глас на Господ, од дувањето на духот на Неговиот гнев.
17 Тој подаде рака од височините, ме фати и ме извлече од големите води;
18 ме спаси од силниот непријател мој, од оние што ме мразеа, што беа посилни од мене.
19 Тие станаа против мене во денот на мојата неволја; но Господ ми беше потпора,
20 и ме изведе на широко место, ме спаси, зашто Тој благоволи кон мене.
21 Ми воздаде Господ според мојата правда, ме награди според чистотата на рацете мои.
22 Зашто јас ги пазев патиштата Господови и не бев нечестив пред мојот Бог,
23 бидејќи сите заповеди Негови се пред мене, и од заповедите Негови не отстапував,
24 бев непорочен пред Него и внимавав да не згрешам.
25 И Господ ми воздаде според мојата прав­да, според чистотата моја пред Неговите очи.
26 Со милостивиот Ти постапуваш ми­лостиво, со искрениот маж, искрено,
27 со чистиот чисто, а со лукавиот според лукавството негово.
28 Ти ги спасуваш угнетените и со по­гледот Свој ги уништуваш горделивите.
29 Ти си Господи, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина.
30 Со Тебе победувам војска; со мојот Бог прескокнувам ѕид.
31 Бог! Непорочен е Неговиот пат, чисто е словото Негово; Тој е штит за сите што се надеваат на Него,
32 зашто, Кој е Бог, освен Господ, и Кој е сила, што се надеваат на Него,
33 Бог ме препаша со сила, ми подготвува чист пат.
34 Ми ги прави нозете како на елен, и ме поставува на висини;
35 ги учи рацете мои на борба, и ги напрегнува мускулите мои како бака­рен лак.
36 Ти ми го даде штитот на Твоето спасение, и Твојата милост ме воз­величува.
37 Ти ги зголемуваш чекорите мои под мене, и моите нозе не потклекнуваат.
38 Јас ги гонев непријателите мои и ги убивав, и не се враќав додека не ги до­крајчив;
39 ги удирам и ги соборувам, и тие не стануваат, а паѓаат под нозете мои.
40 Ти ме препашуваш со сила за бој и ги кутнуваш пред мене оние што ста­нале против мене;
41 Ти го сврте кон мене грбот на мои­те непријатели, и јас ги уништив оние што ме мразеа.
42 Тие викаат, но нема кој да ги спаси, кон Господ, но Тој не ги слу­ша.
43 Ги триев како прав земен, како улична кал ги размачкував и газев.
44 Ти ме спаси од побуната на мојот народ; Ти ме зачува за да бидам глава над туѓинците; народ што не го познавав, ми слугува.
45 Туѓинците ми ласкаа; штом ќе слушнеа за мене, ми се покоруваа.
46 Туѓинците побледуваа и трепереа во своите тврдини.
47 Да живее Господ! Благословен да е мојот заштитник! Нека се возвиши Бог, прибежиште на моето спасение,
48 Бог, Кој се одмазди за мене, Кој ги покори под мене народите
49 и Кој ме спаси од непријателите мои! Над оние што стануваа против ме­не, Ти ме воздигна; Ти ме избави од насилникот.
50 Затоа ќе Те превознесувам Тебе, Господи, меѓу народите и ќе го воспевам името Твое.
51 Тебе, Кој славно го спасуваш Сво­јот цар и му правиш милост на помаза­никот Свој Давид и на потомството негово засекогаш.“